понеделник, 20 јануари 2025

Далибор Тодоровски го извади светиот крст на Водици во Долно Лисиче

На денешната прослава на Богојавление – Водици 2025 година, која се одржа во Долно Лисиче, среќниот капач кој го извади светиот крст од осветените води беше Далибор Тодоровски, жител на ова населено место.

Објавено на

часот

Сподели

Манифестацијата, организирана од црковниот одбор при храмот „Света Троица“ во соработка со Езерото рибник „Јасика“, привлече многу граѓани и учесници. Во водите на езерото скокаа повеќе храбри момци и само едно девојче – Ива Василевска, која доби специјален ваучер од бутик „Билјана“ во Драчево како признание за нејзината храброст.

Градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, присуствуваше на настанот и се вклучи како еден од донаторите. Благодарност беше упатена и кон останатите поддржувачи, меѓу кои компаниите „Зегин“, „Силбо“, „Ваташа“, како и хуманитарната организација „Свети Спас“.

Организаторите посебно ги пофалија тимовите од ЕСЗ „Тигар“, полициската станица Аеродром, итната медицинска помош и лекарите Д-р Трене Дамјановски, Д-р Давид Митановски и Д-р Елена Петреска, како и г-дин Зоран Ѓуроски за нивната несебична поддршка и ангажман во обезбедувањето на безбедноста и здравјето на учесниците.

Прославата заврши во празничен дух, со честитки до сите учесници за нивната храброст и посветеност на оваа вековна традиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ