понеделник, 21 октомври 2024
Некој лаже

Дали протоколите со Бугарија се новите уставни измени за влез на Македонија во ЕУ?!

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи во гостување на ТВ 24 во однос на посетата на министрите за надворешни работи од трите земји на таканаречениот Славков формат, Австрија, Чешка и на Словачка, истакна дека пораката на австрискиот министер за надворешни работи, Александер Шаленберг треба сериозно да се сфати и дека следната недела ќе дојде уште една тројка министри за Европа, од Франција, Германија и Полска. Во таа смисла, Османи се осврна и на новите услови кои може Бугарија да ги наметне на патот на Македонија кон европската Унија (ЕУ).

Да оставиме тие сами да го најават нивното доаѓање. Мислам дека францускиот дипломат е најважниот дипломат. Франција треба да биде толкувач на овие одредби. Очекувам ако утре било што од ова што го кажувам, ќе ја повикам Франција да не ни се случи сценариото со името и ако прекинеме со преговорите заради неуспешни уставни измени, тогаш ЕУ ќе рече прво да ги решиме односите со Бугарија и да продолжиме. Тоа значи целосно билатеризирање на процесот и дека со Бугарија треба се да решиме. Шансата ни е преку уставни измени веднаш да влеземе во машината, протоколите не се дел од патоказите. Затоа Шаленберг вели ова е последната сериозна билатерална пречка. Бугарија постојано ќе зборува, ќе реагира, но аргумент за да блокира веќе нема. Треба да се повика на нешто. Бугарија постојано може да покренува прашања, а да ги убеди останатите 26 членки, треба да има основа во документите, но ветото нема да е одржливо. Бугарија може да најде која било причина да спречи, да се повика на право, корупција, екологија. Важно е да сфатиме дека ова е последната пречка која неповратно не внесува во процесот на членство во ЕУ. И Преспанскиот договор беше услов за почеток на преговорите за членство“, рече Османи.

Ваквиот став на Османи воопошто не кореспондира со бугарската официјална политика која непрекинато го нагласува ставот дека Македонија на патот до Европската Унија освен што ќе мора да ги вметне Бугарите во Уставот ќе мора да ги спроведе и протоколите договорени помеѓу владините комисии на Македонија и Бугарија.

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова во средата на средба со Кристијан Даниелсон, државен секретар за прашања на Европската унија на Кралството Шведска, изјави дека задолжителен услов, од кој Бугарија нема да отстапи, е вклучувањето на македонските Бугари во македонскиот Устав.

јкјк

„Очекуваме Скопје реално да го спроведе Договорот за добрососедство, како и двата заеднички протоколи. Темелна вредност на Европската Унија е почитувањето на човековите права. Таму каде што не се заштитени човековите права, нема Европска Унија“, рече Јотова.

А бугарскиот претседател Румен Радев отиде чекор понапред. Тој на почетокот на месецов на средбата со Мануел Саразин, специјалниот претставник на Германија за земјите на Западен Балкан, изјави дека вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав е само предуслов за отпочнување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, но не е единствениот. Тој уште кажа дека составен дел од европската одлука донесена во јули 2022 година за Процесот на интеграција во ЕУ на Македонија е имплементација на договорите во билатералните протоколи од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.

Тоа веќе не се отворени прашања за двете земји, туку прашања поврзани со односите на Скопје со Европската Унија. Во заеднички интерес е што поскоро да се постигне вклучување на Бугарите во Уставот на РСМ, како и да се направат сериозни напори за искоренување на говорот на омраза во РСМ против Бугарите и Бугарија, вклучително и од содржината на учебниците, јавните медиуми, државните и научните институции. Само на тој начин може да се изградат односи на пријателство и добрососедство во регионот и РСМ да напредува во процесот на европска интеграција, изјави Радев.

ккк

Завчера во посета на Македонија беа министрите за надворешни работи на Австрија, на Чешка и на Словачка, Александер Шаленберг, Јан Липавски и Мирослав Влаховски.

јј

На заедничката прес конференција тие меѓу другото признаа дека никој не може со сигурност да го исклучи влијанието од домашната политика. 

Министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски, посочи дека руската агресија врз Украина навистина ја променила динамиката на процесот на проширување на ЕУ и дека земјава има голема можност да ја искористи оваа зголемена динамика, дури и оваа година под услов да ги усвои дополнувањата на уставот во однос на бугарското малцинство. 

Колку побрзо се донесат овие амандмани, според Липавски, толку побрзо Македонија ќе стигне до ЕУ, рече Липавски.

„На нашиот пат ќе направиме сѐ што можеме да спречиме дополнителни барања во однос на отворените билатерални прашања“, изјави Липавски.

Во однос на можните нови блокади од Бугарија, Липавски, рече дека процесот на проширување на ЕУ бара консензус од сите земји членки на ЕУ, така што никој не може да го исклучи влијанието од домашната политика. 

„Ова е реалноста и како функционираат работите. Мора да разбереме дека постои многу наклонета атмосфера во ЕУ кон проширувањето. Тоа е единствена можност. Пред две години не постоеше таква атмосфера и не знаеме што ќе донесе иднината“, рече Липавски, нагласувајќи дека ќе направи сѐ да се спречат барања на билатерална основа, но дека не може да се дадат гаранции.

                                                                                                                              Искра Опетческа
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ