Далас одигра доминантен натпревар, ги доби сите четири четвртини и дојде до неверојатен триумф од 38 поени разлика. Ова беше првиот пораз за Бостон во плеј-офот оваа сезона.
Најдобар на теренот беше Лука Дончиќ кој постигна 29 поени, поддршка му беше и Ирвинг кој реализираше 21. Во составот на Бостон најдобар беше Тејтум со 15 поени.
Серијата сега се сели во Бостон каде домаќинот со триумф може да дојде до големиот шампионски трофеј.