Според Дачиќ, вкупно шест лица се уапсени во Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор и во Суботица.
При апсењето била пронајдена поголема количина фалсификувани пари.
Се вршат претреси на повеќе локации, а досега се запленети околу 180.000 фалсификувани евра во апоени од 50, 100 и 200 евра.
Во претходниот период при акцијата беа запленети околу 120.000 фалсификувани евра, што е вкупно околу 300.000 фалсификувани евра.
„На територијата на Северна Македонија се запленети меѓу 300.000 и 400.000 фалсификувани евра и пронајдена е печатница за фалсификувани пари. Aкцијата продолжува“, рече Дачиќ.