сабота, 23 ноември 2024

Дачиќ: Ако Србија сакаше војна, на Косово немаше да му помогнат ни милион џавелини

Министерот за надворешни работи во технички мандат и претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ изјави дека Србија нема намера да води војна, но кога би сакала – „ни милион џавелини не би му помогнале на Косово“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој во емисија на ТВ Пинк ја коментираше и најавата на американскиот амбасадор Кристофер Хил дека САД ќе испорачаат противтенковски системи „џавелин“ на Косово.

Тој додаде дека е крајно време Србија да одлучи дали Косово е нејзино национално прашање или не.

Тој ја критикуваше Српската православна црква (СПЦ) што одбива да ја прифати посетата на папата во Србија, бидејќи смета дека влијанието на Ватикан е исклучително важно во светот, нагласувајќи дека Ватикан (засега) не ја признал независноста на Косово.

„СПЦ мора да реагира во врска со посетата на папата, бидејќи е важно да ја задржиме поддршката од Ватикан“, рече Дачиќ.

Тој додаде и дека околу ова прашање мора да се постигне национална хомогеност.

Коментирајќи ја најавата за испорака на противоклопни системи џавелин, Дачиќ рече дека овој случај не може да се гледа изолирано.

„Станува збор за долгорочно стратегиско партнерство за да се помогне независноста на Косово. Треба да се земе предвид сето она што се случува од 1999 година. Па истата Америка, но и други, ја вооружија ОВК. И сега го прават истото“, рече Дачиќ.

Тој додаде дека вооружувањето на Косово очигледно „има цел да ја зајакне независноста на Косово преку зајакнување на неговите безбедносни структури“.

Дачиќ посочи и дека тоа е во спротивност со резолуцијата 1244, но дека Србија нема како да се спротивстави.

„Србија мора да ги развива односите со оние земји што ја признаваат косовската независност и не само што ја признаваат, туку и работат на нејзино промовирање, па дури и ја вооружуваат. Мораме, бидејќи сакаме да ги зачуваме мирот и стабилноста“, рече Дачиќ.

Дачиќ ја коментираше и изјавата на британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон дека „Србија е руски посредник“, велејќи дека единствена причина за таквата изјава е тоа што Србија не воведе санкции кон Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ