петок, 18 октомври 2024

Д-р Јовев и официјално заминува, д-р Шокаровски е новиот директор на државната кардиохирургија

Објавено на

часот

Сподели

Во известувањето Министерството наведува дека д-р Шокаровски е дел од тимот на клиниката од нејзиното основање. Тој е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар – Загреб, има повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицинскиот факултет-Скопје.

„Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. Исто така, се едуцирал во повеќе земји, како  Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгреси“, информира Министерството за здравство. 

Назначувањето на Шокаровски следува по разрешувањето на досегашниот директор на оваа клиника, д-р Сашко Јовев, по одлука на министерот за здравство Фатмир Меџити.

По ваквата одлука јавноста се крена на нозе а прес конференција одржа и доктор Јовев но тоа не го премисли министерот Меџити да ја повлече одлуката. Во замена, Меџити му понуди на д-р Јовев да биде негов советник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ