петок, 18 октомври 2024
За фамилијарната трагедија по јадењето пита

Д-р Беќаровски: Ниту празот, ни брашното се причина за труењето, одговорите да се бараат кај МВР

Познатиот лекар д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија вели дека причината за смртта на една жена и опасната затруеност на уште две лица, што се случи по јадењето на пита со праз, не е ни брашното, ниту пак празот, туку, вели, одговорите барајте ги кај МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„За да не се шири непотребен страв кај населението, причината за фамилијарното труењето и за жал еден изгубен живот со пестицидот метомил (карбамат), попознат како ланате, не е ниту ‘прсканиот праз’, ниту брашното во питата.

Инаку, доволна е една лажичка концентриран прашок од овој пестицид да предизвика смрт на возрасен човек.

Повеќе информации барајте од МВР.

Најдлабоко сочувство до фамилијата на починатата’, напиша докторот на Фејсбук.

Како што веќе информиравме, една 47-годишна жена почина по јадење на питата подготвена во домани услови, а две лица паднаа во кома и се во сериозна здравтвена состојба. Во Клиниката за токсикологија било утврдено дека станува збор за труење со забранетиот пестицид метомил и случајот го пријавиле во МВР, а МВР потоа извести во дневниот билтен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ