петок, 18 октомври 2024

Црвенило на берзите во светот

Објавено на

часот

Сподели

 И денешниот ден на македонската берза заврши со пад од 1,82 отсто и промет од само 3,2 милиони денари. Само акциите на Стопанска банка Битола се со минимален пораст од половина процент, а најголем пад има кај акциите на ТТК банка и Гранит (6,19 отсто и 4,17%). Ниту една хартија од вредност не успеа да оствари промет поголем од 1 милион денари, а најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка, каде што се реализираа 358 акции во вредност од 962.440 денари. Се тргуваше со вкупно 15 хартии од вредност во 47 трансакции, од кои 9 го завршија денот во негатива, а 4 хартии немаа промена во вредноста.

Во црвено се и речиси сите светски берзи освен дел од азиските, каде што растот е резултат на вчерашниот оптимистички ден на берзите во Европа и САД. Главна преокупација на инвеститорите покрај должничката криза во Европа се и објавите на неколку глобални компании, кои предвидуваат намалување на приходите, што пак директно се рефлектира на цената на нивните акции. За негативното чувство придонесе и неофицијалниот податок дека Германија, која е најголема економија во Европа, забележала пад на бруто-домашниот производ во четвртиот квартал од 0,25% во однос на претходниот квартал. Ваквите вести, и покрај тоа што не се официјално потврдени, сепак предизвикаа страв кај инвеститорите дека е можна нова рецесија во Европа, пишува во билтенот на НЛБ Тутунска банка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ