недела, 20 октомври 2024

ЦИА објави видео со кое се обидува да регрутира руски шпиони (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Претставници на ЦИА вклучени во проектот велат дека руската инвазија на Украина создаде историска можност „Русите да дојдат кај нас и да им ги дадат на САД потребните информации“.

Неименуван функционер на ЦИА им порача на Русите дека „агенцијата ги разбира подобро отколку што мислат“ и додаде дека ова видео има за цел да го демистифицира процесот на контактирање со ЦИА, пишува Си-ен-ен.

Со овој проект, ЦИА таргетираше група руски граѓани, за кои се верува дека ги има илјадници, кои можеби имаат вредни информации. Многумина од нив можеби не знаат како да стапат во контакт со ЦИА или мислат дека информациите што ги имаат немаат посебна вредност.

Во двеминутното видео се покажуваат Руси кои живеат секојдневен живот, а навидум размислуваат за важни одлуки. Низ целата снимка се провлекува темата семејство.

„Поради моите постапки, ќе живееме достоинствено“, вели нараторот на руски додека жена во автомобил контактира со ЦИА преку телефон, пред да се појават логото на агенцијата и упатствата за контакт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ