недела, 14 јули 2024

Цветановска: Би било преседан секогаш кога се менува власта да се менуваат и законите

Остануваме конзистентни на нашите ставови во однос на тоа дека политичките партии и извршната власт не треба да даваат изјави и да делуваат во однос на, каква било независност на судската власт, затоа што истата е независна и треба да остане таква, вели Александра Цветановска, претседателка на Македонско здружение на млади правници, кое што е координатор на Блупринт групата за реформи во правосудството.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Какви било чекори во однос на тоа, според Цветановска, би биле опасен преседан, затоа што секогаш кога би се менувала власта би можело да се менуваат законите.

„Така се доведува реално и во опасност независноста и непристрасноста на правосудните органи“, нагласи Цветановска.

Пред почетокот на завршната конференција на проектот „За правда – Граѓанските организации за независно и ефикасно правосудство“, Цветановска рече дека тие во изминатата година и половина имале конструктивни ставови во однос на реформите во правосудството и биле вклучени во секторската развојна стратегија за судството.

„Во изминатата година направивме навистина многу во однос на тоа какви реформски приоритети треба да бидат во судството. На кој начин да се одвиваат и како можеме да ја вратиме довербата на граѓаните во правосудството и во институциите на системот и како може да се направат суштински промени“, изјави Цветановска.

Блупринт групата за реформи во правосудството е неформална мрежа на граѓански организации кои во изминатите години работат и делуваат во областа на правосудството.

Проектот „За правда – Граѓанските организации за независно и ефикасно правосудство“, што Блупринт групата го спроведува од јануари 2023 година, има општа цел да се зајакне учеството, придонесот и влијанието на граѓанското општество преку Блупринт групата во процесите за реформи на правосудството и пристапување кон ЕУ, а кои се однесуваат на кластерот Основи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ