сабота, 5 октомври 2024

ЦУК: Вчера 18 пожари и сите се изгаснати

Центарот за управување со кризи информира дека вчера имаше 18 пожари на отворено и сите се изгаснати од пожарникарите, Активни пожари нема.

Објавено на

часот

Сподели

Пожарите на отворено беа во општините Гази Баба три пожари, Аеродром во реон на Долно Лисиче, Зелениково, кај село Смесница, Кисела Вода, покрај ул.„Малешевска“, Бутел, покрај булевар „Словенија“, Центар, покрај ул.„Лазар Личенски“, Битола, во атар на с.Гермијан, Кривогаштани, Прилеп, кај с.Беровци, Струмица, кај с.Гачерлија, Струга, во атар на с. Велешта, Кичево, кај с.Пренка, Кавадарци, с.Мрена, Неготино, покрај патен правец Неготино – Градско и во Општина Лозово два пожара, кај с.Лозово и кај с.Милино. Гореа стрништа, ниска вегетација и депонии.

Од утре до 10 јули во периодот од 22.00 до 05.05 часот на територијата на Општина Прилеп ќе се спроведува прва фаза од дезинсекција со цел уништување на комарци. Со дезинсекцијата, освен градот Прилеп, ќе бидат опфатени населените места: Ореовец, Лениште, Селце, Лагово, Беровци, Кадино Село, Галичани, Тополчани, Ерековци, Канатларци, Чепигово, Тројкрсти, Мажучиште и Мало и Големо Коњари.
Се информираат пчеларите да ги заштитат нивните пчели во Прилепско каде што ќе се прска против комарци.

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека утре од 10 до 15 часот ќе се врши минирање на каменоломот „Зелениковец“ (Општина Сопиште) и околу местото ќе се слушаат детонации од минирањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ