четврток, 20 февруари 2025

Црна Гора воведува обезбедување во сите училишта во урбаните средини

На иницијатива на Министерството за образование, наука и иновации (МПНИ), во соработка со Мрежата на совети на родители при Здружението на родители, Владата на Црна Гора на денешната седница донесе заклучоци со кои се обезбедуваат финансиски средства за воспоставување физичка заштита на лица, објекти и имот во образовните институции во Црна Гора, пишува Кафе де Монтенегро.

Илустрација: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Планираната активност предвидува сите училишта во урбаните средини (42 средни и 65 основни училишта) во кои посетуваат значителен број ученици, а во кои постои ризик од загрозување на училишниот имот и безбедноста на вработените и учениците, да се ангажираат чувари. Оваа мерка ќе се спроведува во периодот од 15 февруари до крајот на учебната година“, за да се обезбеди повисок степен на безбедност во образовните институции.

Како што наведуваат, со преземањето на овие мерки, Министерството за образование, наука и иновации и Владата на Црна Гора јасно ја покажуваат својата решителност за борба против насилството во училиштата, како и за спречување инциденти со трагични исходи кои ја зафатија не само Црна Гора, туку и регионот и целиот свет во последните години.

„Министерството за образование, наука и иновации неодамна обезбеди средства за инсталирање видео надзор во сите образовни институции во Црна Гора, а дополнително е интензивирана работата на превенција на сите форми на насилство преку едукативни програми и реализација на различни проектни активности во соработка со меѓународните организации, државните институции и невладиниот сектор“, заклучуваат оттаму.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ