Како што е наведено на веб-страницата на ЦИК, до 20:19 часот по московско време на избирачките места излегле 55,1 отсто од гласачите, пренесува РИА новости.
На изборите во 2018 година, кога гласањето траеше еден ден, излезноста до 10 часот по московско време беше 16,55 отсто, до 12 часот 34,72 отсто, а до 17 часот 51,9 отсто, а на крај излезноста надмина 67 отсто. Претседателските избори во Русија почнаа во петокот, а гласањето завршува утре.
За претседателската функција се борат четворица кандидати – Леонид Слуцки, Николај Харитонов, Владислав Даванков и актуелниот претседател Владимир Путин.
Рускиот претседател – кој дојде на власт во 1999 година и никогаш не учествувал во ниту една изборна дебата – има за цел да го надмине својот резултат на последните избори во 2018 година, кога официјално освои рекордни 77 отсто од гласовите, напиша Политико.