петок, 21 февруари 2025

Чурлинов, Николов и Шишковски го продолжуваат настапот во Европа

Јагелонија на Дарко Чурлинов со 3-1 ја совлада Бачка Топола и оди во осминафиналето каде ќе биде и Борац Бања Лука на Бобан Николов и Дамјан Шишковски откако одиграа 0-0 на гостувањето кај Олимпија Љубљана.

Објавено на

часот

Сподели

Јагелонија идентично како и на првиот меч ја совлада Бачка Топола со 3-1 и со вкупни 6-2 оди понатаму.

Дарко Чурлинов на овој меч влезе од клупата за резерви во 71. минута.

Борац со 1-0 отпатува на гостувањето кај Олимпија Љубљана и успеа да ја сочува таквата минимална предност.

Бобан Николов беше стартер и играше до 91. минута кога беше изваден од игра. Нашиот голман, Дамјан Шишковски од клупата за резерви го следеше овој дуел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ