„Наспроти позадината на руската агресивна војна против Украина и растечките меѓународни предизвици со кои се соочува ЕУ, членките на групата се убедени дека на надворешната политика на ЕУ ѝ се потребни адаптирани процеси и процедури со цел да се зајакне ЕУ како надворешно-политички актер.
Членките ја истакнаа потребата за тесна соработка со сите земји-членки на ЕУ, како и за координација со институциите на ЕУ и се надеваат дека и другите земји членки ќе се приклучат на групата“, пишува во иницијативата.
Членки на групата на пријатели за гласање со квалификувано мнозинство за заедничката надворешна и безбедносна политика се Белгија, Финска, Франција, Германија, Италија, Луксембург, Холандија, Словенија и Шпанија.