понеделник, 21 октомври 2024

Четворица отруени со газиран пијалак во Хрватска, препорака да се пие обична вода

Четири лица се хоспитализирани во Хрватска поради сомнеж дека се отруле со консумирање минерална вода на Кока кола – три во Загреб и едно во Риека. Полицијата врши увид и зема примероци од спорниот пијалак за понатамошна анализа во истрагата.

Објавено на

часот

Сподели

Пациентите од Загреб, откако им биле утврдени поблаги симптоми по консумирањето на пијалакот, се пуштени дома од Клиничко болничкиот центар. Двајцата забележале печење и болка во устата и отежнато голтање, симптоми на „внесување корозивни средства“.

Хрватските лекари апелираат до граѓаните во случај да испијат затруена течност никако да не пијат вода, сода бикарбона и слично, туку да се јават кај лекар.

Хрватскиот завод за јавно здравство примил примероци од безалкохолниот пијалак кои им ги доставила санитарната инспекција по увидот во кафуле во Риека каде му се слошило на едно лице, а резултатите од анализата ќе му бидат доставени на државниот инспекторат.

Експертите сметаат дека е малку веројатно дека се затруени само одделни шишиња газирани пијалаци.

Министерот за здравство Вили Берош на прашањето на новинарите дали граѓаните можат да бидат безбедни одговори дека во овој момент никој не може тоа да го каже.

Гастроентерологот Рајко Остојиќ им препорача на граѓаните да ги избегнуваат сите газирани пијалаци и да пијат обична вода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ