Како што извести МВР, второпријавениот Б.Г., вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности (ЈП) Комуналец во Струмица и претседател на комисијата за спроведување на јавна набавка, заедно со трето и четвртопријавените, вработени во истото претпријатие и членови на комисијата, во текот на 2021 година спровеле постапка за јавна набавка на стоки – полимер за потребите на пречистителна станица за отпадни води.
„Од четири пријавени економски оператори, понудата на еден економски оператор од Скопје била со невообичаени ниски цени за одредени стоки, за што не побарале писмено објаснување, предвидено со Законот за јавни набавки и дале предлог да се одбере понудата од тој оператор. Првопријавениот З.Г. директор на претпријатието, бил должен да изврши увид дека постапката не била спроведена во согласност со Законот за јавни набавки, но не го сторил тоа и донел одлука за избор на најповолен понудувач, склучиле договор и на економскиот оператор од Скопје му биле исплатени 1.241.699 денари за набавка на стоки за кои што во понудата доставил значително висока цена, додека стоките за кои понудил ниска цена не биле набавени“, информираше МВР.