среда, 26 февруари 2025

Челси убедливо го победи Саутемптон, важни три бода за сините (ВИДЕО)

Челси со 4-0 го совлада Саутемптон и запиша многу важни три бода во период во кој не им оди најдобро, Астон Вила со 4-1 загуби на гостувањето кај Кристал Палас.

Објавено на

часот

Сподели

Тимот од Стемфорд Бриџ се наоѓаше во лоша форма, но Саутемптон е премногу слаб за Челси да не го искористи тоа.

Победникот беше решен уште во првото полувреме во кое Челси веќе имаше водство од 3-0 со голови на Нкунку, Нето и Колвил.

Конечните 4-0 ги постави Кукуреља во 78. минута од натпреварот.

Астон Вила доживеа тежок пораз на гостувањето кај Кристал Палас каде загуби со 4-1.

Брајтон со 2-1 го победи Борнмут, а Фулам со истиот резултат славеше гостински триумф кај Вулвс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ