Престон се држеше до 58. минута кога Армандо Броја постигна гол за водство на Челси од 1-0.
Во 66. минута Тиаго Силва постигна гол со глава за 2-0, а три минути подоцна Стерлинг даде прекрасен гол од слободен удар за 3-0.
На пет минути до крајот погоди и Енцо Фернандез поставувајќи ги конечните 4-0.
Астон Вила со гол на Кеш во самиот финиш од мечот дојде до гостински триумф кај Мидлсброу.
Брајтон со 4-2 победи кај Стоук, Њукасл со 3-0 го совлада Сандерленд на негов терен.