петок, 22 ноември 2024

Центар за граѓански комуникации: Секој трет тендер во здравството бил со еден понудувач

Секој трет договор за јавна набавка во здравството од јануари до јули лани бил само со еден понудувач, без конкуренција, се вели во извештајот на Центарот за граѓански комуникации. За шест месеци во постапки за јавни набавки во кои учествувала само една фирма, биле склучени над пет илјади договори со вкупна вредност од 283 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

„Конкуренцијата изостанува дури и во тендери со огромна вредност, како што е двегодишната набавка на инсулин и глукагон за 2023 и 2024 година, во вредност од 28 милиони евра“, се посочува во извештајот на Центарот за граѓански комуникации.

Во значаен дел од постапките кои биле склучени во овој период се утврдуваат количините на она што се набавува, со што, на штета на буџетските пари, се оневозможува фирмите да понудат пониски цени за поголеми количини на набавка. Ваквиот пристап, посочуваат од ЦГК, овозможува и манипулација и злоупотреби во фазата на реализацијата на договорите.

„Во нетранспарентна постапка со преговарање, без претходно објавен оглас, во првото полугодие од 2023 година биле склучени договори со вкупна вредност од околу 11 милиони евра. Една третина од вредноста на овие договори отпаѓа на договорите склучени од АД Електрани. Гледано вредносно, речиси една третина од овие договори ѝ припаѓаат на АД Електрани на С Македонија. Оваа државна компанија има склучено четири договори, во вкупна вредност од 212.171.080 денари (3,4 милиони евра)“, се вели во извештајот.

„Тендециозноста во необјавувањето на количините може да се лоцира во едноставниот факт дека институциите, за да направат проценка на вредноста на набавката, мора да имаат одредени индикативни количини. Немањето количини е воочено во набавка на пумпи за гаснење пожар, телевизори, авиобилети, како и во набавката на услуги за привремени вработувања, за печатење обрасци и за миење возила. Во ниту еден од овие тендери не беа наведени индикативни количини на предметот на набавката“,се додава во извештајот на ЦГК.

Во првите шест месеци од 2023 година од вкупно објавените 11.930 огласи за јавна набавка, најниската цена била користена како критериум за избор на најповолна понуда во 95 отсто од нив. Изборот на најповолната понуда врз основа на најдобриот однос на цената и квалитетот, пак, била користена во само 646 набавки, а во една постапка е користен критериумот трошоци со примена на пристап на исплатливост.

Во извештајот се цитира член 4 став 2 од Законот за јавни набавки, според кој договорниот орган ги спроведува јавните набавки на начин што ќе обезбеди соодветен квалитет на предметот на набавка во однос на неговата намена и вредност.

Истовремено со зголемувањето на корупцијата во јавните набавки, бројот на вработени во секторот за контрола во Бирото за јавни набавки наместо се намалува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ