четврток, 30 јануари 2025

Центар утре почнува голема акција за чистење на општината

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски попладнево одржа координативен состанок со вработените од јавното претпријатие Паркинзи – ПОЦ, со цел мобилизирање преку акција за чистење на општината, откако вчера, градот Скопје повторно потфрли и го остави централното градско подрајче во смет, соопшти општината.

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот се дискутираше за акцијата која треба да почне утре со чистење на критичните места на територија на Општина Центар.
„Хигиената на Центар мора да ја сочуваме, не смееме да дозволиме поради негрижата од страна на Градот Скопје централното градско подрачје да биде во смет. Имаме голем број на поплаки од граѓаните, да не си играме институционален пинг-понг. Доколку градот нема капацитет да ги исчисти улиците во Центар за која е надлежна, тогаш ние ќе си го исчистиме ѓубрето. Од утре почнуваме со темелно чистење на улиците, со цистерна, две метларки и камион. Чистотата и здравјето на центарци е најважно“, изјави Герасимовски.
Тој порачува дека Градот Скопје мора поажурно да се грижи за хигиената во градот затоа што со негрижата покажува тотална незаинтересираност за граѓаните, загрозувајќи го нивното здравје.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ