сабота, 19 октомври 2024

Цената на златото највисока во историјата

Цената на златото надмина вчера 2.700 долари бидејќи инвеститорите побараа сигурно прибежиште за капиталот во услови на заострување на тензиите на Блискиот Исток и засилената неизвесност пред претседателските избори во Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На физичкиот пазар унца злато чинеше околу пладне 2.712,86 долари и беше поскапа за 0,7 отсто од затворањето на трговијата во четвртокот. И на американскиот пазар со вчера златото се тргуваше по 0,7 отсто повисока цена, од 2.726,25 долари по унца.

Побарувачката за безбедна инвестиција зајакна на крајот на неделата под влијание на случувањата на Блискиот Исток.

Хезболах вчера најави нова фаза во одбраната од Израел, а Иран порача дека „духот на отпорот ќе зајакне“. Пазарите се спремаат и за претседателските избори во САД на почетокот на ноември. Камала Харис и Доналд Трамп ќе водат тесна битка, според резултатите од анкетите.

Од почетокот на годината цената на златото се зголеми за повеќе од 31 отсто, напоменува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ