петок, 18 октомври 2024

Целиот свет виде како му се ракоплеска на геноциден убиец: Ердоган за обраќањето на Нетанјаху

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул, коментирајќи го обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред американскиот Конгрес, рече дека целиот свет видел како „му се аплаудира на еден геноциден убиец“, што покажува каде оди светот, јавува агенцијата Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кому му се аплаудира, му се аплаудира на оној што му служи на човештвото“, рече Реџеп Таип Ердоган и додаде: „Замислете, Претставничкиот дом им аплаудира на оние што убија речиси 40.000 деца, жени и старци“.

Луѓето од далечина гледаат убивање деца, жени, бебиња во инкубатори од 7 октомври до денес, како да гледаат филм, предупреди тој.

Ердоган праша што е со демократијата, слободите, човековите права и сѐ што е напишано во Декларацијата за човекови права.

Тој повтори дека членовите на Конгресот „пуштија убиец на говорницата“, но не се задоволиле со тоа, туку 57 пати станале на нозе и со големо задоволство му аплаудирале за време на неговиот говор полн со невистини.

Претседателот на Турција рече дека „оние што знаат на целиот свет да му држат лекции за демократијата и човековите права, не чувствуваат ни трошка срам што го воздигнуваат Хитлер на нашето време“.

„Нема правда, нема закон, нема правила, нема милост, нема сочувство, нема совест. Нема преземање одговорност за мирот, нема настојување да се зголеми надежта на човештвото. Сите сме сведоци на состојба на лудило во која угнетувачот се почитува поради неговата суровост, додека правата на угнетените се игнорираат“, заклучи Ердоган.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ