петок, 22 ноември 2024
По пломбираното комбе на автопатот Петровец-Скопје

Царина призна дека во пратката имало ѝ мобилни телефони, но вели дека работеле заедно со МВР

„Комбе полно со скапи телефони, т.е. со пакети тешки 1.200 кг е фатено на автопатот Петровец – Скопје откако веќе ја поминало Царината која евидентирала дека истото превезува друга стока, а не телефони. Да не била акцијата на полицијата 1.200 кг скапи телефони ќе завршеле на црниот пазар“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Пред два дека од Царинската управа соопштија дека во комбе за кое постоел сомнеж дека пренесува дрога, била откриена стока од 1,2 тони, за денес да потврдат дека во пакетите имало и мобилни телефони. Од таму ја демантираат ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека работеле заедно со МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Станува збор за утврдени неправилности односно несовпаѓање во увозната декларација и фактичката состојба утврдена со контрола на товарното моторно возило со стока во количина од 1,2 тона меѓу којашто се и мобилни телефони и компјутерска галантерија, поради што и возилото беше пломбирано и задржано на детална контрола од страна на Царинската управа“, велат од Царинската управа.

Според првичното соопштение, на патниот правец Петровец – Скопје од страна на СВР Скопје е извршен претрес на патничко моторно возило, кое превезувало разна стока, увозно оцаринета на ЦИ Аеродром Скопје, поради сомневање дека во возилото се превезуваат наркотични средства.

Контролата била извршена со асистенција на инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и царинско куче. Притоа не се пронајдени наркотични средства, но констатирани се неправилности во однос на пријавената стока по увозната декларација и фактичката состојба на стоката во возилото.

„Со цел да се изврши детална контрола, возилото е пломбирано и привремено задржано заедно со стоката со вкупна тежина од 1,2 тони. За прегледот е побарана асистенција и од крим полиција, а за случајот е известено и надлежното основно јавно обвинителство. Откако ќе се изврши детална контрола и ќе се утврди фактичката состојба, ќе бидат покренати соодветни постапки“, информираа пред два дена од Царината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ