вторник, 22 октомври 2024

Бутел 2 ќе добие нова градинка, стариот објект ќе биде урнат

Бутел 2 ќе добие нова градинка, а стариот и дотраен објект ќе биде урнат. Новата градинка ќе згрижи 200 дечиња кои ќе имаат пристојни услови да го поминуваат своето детство, соопштија од Владата од каде велат дека 1.800-те метри квадратни ќе бидат доволни да ги задоволат барањата на оваа населба. Инвестицијата е вредна над 100 милиони денари.

Објавено на

часот

Сподели

„Тука е мешана етничка средина, има дечиња и од македонска и од албанска национална припадност. Инвестициите во ваквата инфраструктура мора да бидат подеднакви затоа што подеднакво треба да се грижиме за решенија на проблемите кои ги засегаат сите граѓани. Ова е време кога државата треба да прави за народот, затоа што долго време народот правеше за државата. Македонија треба да припадне во рацете на граѓаните“, рече во обраќањето премиерот Христијан Мицкоски кој заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, министерката за образование и наука, Весна Јаневска и градоначалникот Дарко Костговски, фрлија по три лопати во камен темелникот на градинката.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ