Распишани се два конкурси, еден за високи и еден за пониски звања. Османи неколку дена пред крај на министерската кариера распиша конкурс за дипломати во Мисијата на Македонија во ОН во Њујорк, во амбасадите во Москва, Тел Авив, Токио, Рим, Киев, во генералниот конзулат во Њу Џерси. За пониски дипломатски звања се бараат заинтересирани за во амбасадите во Лондон, Берлин, Астана, Бразилија, Осло, Варшава и во генералните конзулати во Истанбул и Минхен. Петнаесет на број.
Неофицијално дознаваме дека на оваа одлука на министерот се спротивставил шефот на администрацијата во МНР, Филип Тосевски, кој не сакал да го потпише овој документ. Но Османи секогаш има резерва, иако тоа е спротивно на сите правила – конкурсите ги потпишал директорот за организациски работи, Мемет Жаку.
Никому во МНР не му е јасно кога ќе се формираат комисиите за избор, кога ќе поминат роковите за жалба, кога ќе бидат завршени подготовките за испраќање на дипломатите, за одбрана на тезите…
Одговор од МНР на нашите прашања сѐ уште нема.
Во секој случај, министер во техничка влада, како што е во моментов Османи, нема право да распишува вакви конкурси. Единствената задача на техничката влада е подготовка и спроведување на парламентарните избори. Таа работа заврши. Следува трансфер на власта. Освен за ДУИ и Османи, кои упорно се борат да останат на власт. Според европските правила на нивната коалиција Европски фронт,
А.Д.