Османи ги наклевети ММДЧП и Николов поради нивниот активизам за одбрана на правата на Македонците, во конкретниот случај за правата на дискриминираното македонско малцинство во Бугарија.
„Ваквите клевети се тактика која често пати ја употребуваат режимот и неговите поддржувачи во американската Влада. Режимот во Македонија беше донесен на власт од САД, а во интерес на нивните надворешно-политички цели. Тој ја наметна промената на името во крајно навредливото ‘Северна Македонија’, и презема натамошни чекори да го уништи македонскиот етнички идентитет. Режимот е озлогласен по бруталните напади врз човековите права и врз сите неистомисленици, од кои голем дел се извршува преку целосна американска/режимска контрола врз македонското судство.
Трајче Торов, адвокат на ММДЧП и Николов, изјавија: „Османи повторно одби да се појави пред судот и со тоа покажа целосно непочитување на судот и немање чувство за одговорност. Крајно необично е што Османи двапати може да го одложи рочиштето. Ова е безмалку нечуено во македонското судство, и е јасен показател за неговата ароганција и вина“.
„Со употреба на вакви тактики Османи несакајќи ни помага во разоткривањето на режимот. ММДЧП ја изнесува пред светот секоја незаконска и недемократска постапка спротивна на човековите права која ја презема режимот. А Османи би требало да знае дека САД на крајот ги напуштаат своите ‘пријатели’. Ако не знае, нека го праша Зоран Заев’“, рече Николов.
На 27 јануари 2023 година Бил Николов и ММДЧП поднесоа тужби за навреда и клевета пред Основниот граѓански суд Скопје, Македонија, против Бујар Османи и против порталот 360 степени. Тужбите се за кршење на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.
На 27 октомври 2022 година, 360 степени објави прилог за ММДЧП и за Николов. Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за бугарски медиум изнесе ‘навредливи и клеветнички тврдења за ММДЧП и Николов. Османи продолжи со изнесување на целосно лажни, навредливи и клеветнички изјави и за време на неговата прес конференција на 11 ноември 2022 година’, велат од ММЧДП.