вторник, 22 октомври 2024

Бугарските земјоделци се придружуваат на протестите на фармерите низ Европа

Стотици гневни фармери излегоа денес на улиците на Софија, престолнината на Бугарија, да укажат на она што го сметаат за целосен неуспех на владата да се справи со сè поголемиот број предизвици со кои се соочува земјоделскиот сектор во таа земја на Европската Унија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите го повикаа министерот за земјоделство Кирил Ватев да поднесе оставка бидејќи не го одржал ветувањето дека ќе го олесни бирократскиот товар на грбот на земјоделците и дека ќе бара државна компензација за нивните високи трошоци и намалени приходи.

Бугарските фармери се бунат поради истото она што ги мачи нивните колеги низ Европа, а тоа се доминацијата на регулативите на ЕУ, тешкотиите кои произлегуваат од значително зголемените трошоци за набавка на ѓубрива и енергенси поради војната во Украина, како и зголемениот увоз на евтини земјоделски производи од неевропски извори, пред сè од Украина, кои ги преплавија локалните пазари и ги урнаа цените.

Претседателот на Здружението на земјоделски произведувачи на Бугарија Венцислав Варбанов ја обвини владата дека само додава непотребен товар наместо да бара начини да им ги намали постоечките товари. Тој побара и да се донесе долгорочна земјоделска стратегија на земјата.

„Сакаме да знаеме што ќе се случува утре, што следната година, што за пет години“, кажа Варбанов.

Во меѓувреме, здружението на земјоделците ја најави можноста неговите членови утре да се придружат на протестите со блокада на главните патишта со трактори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ