На прес-конференција по средбата со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, Радев го критикуваше европскиот пристап кон војната. „Европа не може да наметне мир од позиција на сила“, рече Радев, пренесе државната новинска агенција БТА.
Тој тврди дека оваа политика е неприменлива. „Оваа политика ја води Украина во катастрофа, а Европа во слепа улица. Со таква политика жртвите само ќе растат, ќе има уште повеќе уништувања, пустошења и уште поголема загуба на територија“, рече Радев.
Тој додаде дека Европа прво треба да соработува со ОН за постигнување прекин на огнот, а потоа да употреби дипломатија за развој на праведен и траен мир.