недела, 14 јули 2024

Бугарскиот претседател: Не прифаќам улога на неограничен донатор за војната во Украина

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека нема да прифати владата да ја претвори Бугарија во неограничен донатор за војната во Украина „до конечната победа“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„На оние кои ја подготвиле и прифатиле оваа позиција не им е јасно што значи конечна победа – како таа ќе се оствари, колку ќе нè чини во смисла на време, пари, ресурси и пред сè ризик, бидејќи со секој ден ризикот од оваа војна за нас расте. Длабоко се сомневам дека им е јасно што значи за самата Украина да се бори до конечна победа и што на украинските оружени сили, воениот персонал, од самата инфраструктура и економија на земјата ќе им остане за оваа долгорочна победа“, истакна Радев.

Тој потсети дека денес во бугарскиот парламент се одржа вонредно сослушување околу националните рамковни ставови за претстојниот самит на НАТО во Вашингтон.

Радев порача дека бугарската влада им должи објаснување не само на народните пратеници, туку на сите бугарски граѓани за тоа кои обврски ги презема во нивно име за војната во Украина.

„Не се сложувам со определбата за конкретна финансиска помош која никако не е мала и за вооружувањето на Украина, како ни со обврската да обезбедиме оружје од арсеналот на бугарската војска пред да добиеме замени. Затоа никогаш не сум стоел зад несоодветни и безрбетни позиции, затоа одбивам да одам и да бранам таква позиција“, кажа Радев кој минатиот месец не прифати да ја предводи бугарската делегација и да учествува на самитот во Вашингтон.

Тој истакна дека инсистира на модернизација на бугарската војска, на јакнење на капацитетите на националната одбрана и зголемување на компатибилноста со сојузниците од НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ