сабота, 19 октомври 2024

Бугарскиот премиер: Лукоил не ги крши законите на ЕУ

Компанијата Лукоил не ги крши ни бугарските закони, ни нормите на Европската Унија ниту царинските прописи, изјави премиерот на Бугарија Николај Денков, пренесуваат руските новински агенции.

Објавено на

часот

Сподели

„Сите досегашни проверки покажуваат дека Лукоил не прекршил ниедна регулатива на ЕУ, бугарски закон или царински прописи“, изјави Денков по состанокот со европската комесарка за финансиски услуги, стабилност и пазар на капиталот Мејрид Мекгинис, која престојува во работна посета на таа земја.

Денков напомена дека бугарската влада ќе објави информации ако открие траги на прекршувања во активностите на компанијата.

Бугарија претходно, во рамки на антимонополските мерки, одобри забрана за користење на руската нафта на Лукоил Нефтохим во Бургас од март 2024 година.

Како што се наведува, од 1 јануари 2024 ќе бидат укинати и извозните квоти, а самата преработка на руската нафта ќе биде целосно укината од 1 март.

Лидерите на ЕУ во 2022 постигнаа договор за воведување делумно ембарго на руската нафта. Истовремено, на Бугарија тогаш како исклучок ѝ беше дозволено да преработува руска нафта испорача по море до крајот на 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ