четврток, 30 јануари 2025
Тодор Петров

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Бугарија договорила историја со Македонија уште во 1947 година

ОМО Илинден објави документ од 22 ноември 1947 со кој тогашните историски комисии помеѓу Македонија и Бугарија ги уредиле бугарските погледи на македонската историја. Се работи за документи за исправки на историските читанки во Бугарија по Втората светска војна, поточно во 1947 година.

Во документите стои дека промените се со цел да се спречи големо-бугарскиот шовинизам и се однесуваат на различни историски периоди за кои денес „спорат“ македонските и бугарските историчари.

Во еден од документите стои дека Самоиловата држава не е Западно бугарска држава туку типична феудална држава во која доминантно население се македонските словени. Понатаму, стои дека Климент и Наум се сесловенски просветители, а Кнежеството на Пребонд е првиот обид на македонските словени да создадат независна држава, а браќата Миладиновци се македонски просветители!

Денес може само да заклучиме дека Бугарија не го почитува договорот од 22 ноември 1947 година!

Клучното е зошто Македонија во моментов преговара за сопствената историја и за работи кои биле дефинирани пред речиси цел еден век?

Зошто со Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година повторно е формирана Комисија за ревизија на македонската историја која проблематизира веќе претходно договорени отворени прашања?

За потсетување, Бугарија е потписник на следните договори: (1) Договорот од Блед од 1947 година, со кој Бугарија ги гарантира правата и слободите на Македонците во Пиринска Македонија за слободен национален, економски и културен развој и воопшто односите меѓу Бугарија и Македонија; (2) Декларацијата на Организацијата на Обединетите Нации за човековите права; (3) Европската рамковна конвенција за национални малцинства; (4) Меѓународниот пакт за граѓански и политички права; и (5) Меѓународниот пакт за економски, културни и социјални права.

За жал, Бугарија одбива да ја потпише Европската повелба за регионални и малцински јазици.

Зошто Бугарија со новиот национал-шовинистички притисок врз Македонија ревидира веќе договорени разрешени дилеми во 1947 година, дека Македонците биле Бугари, Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, а целата историја на Македонија до 1945 година била бугарска?

Тодор Петров

КОЛУМНИ

Дејан Донев

Отворено писмо до познатото другарче

Соња Стојадиновиќ

Кој ќе ја брани вистината во свет без факт-чекери?

Бранко Азески

Сoпствен кадар и верба во себе

Ристо Цицонков

Ало Америка, природата не знае да глуми

Александар Донски

Пророштвата на Нострадамус посветени на Македонија и на Македонците

Светлана Јовановска

Реакционерната интернационала тропа на европските порти

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ