понеделник, 21 октомври 2024

Брутална тепачка меѓу полицајци и пожарникари во Шпанија (ВИДЕО)

Во конфликтот меѓу регионалните пожарникари од Галиција и локалната полиција во градот Оренсе во Шпанија, неколку лица се повредени, од кои едно потешко. Скршени ѝ се јаболчната коска и носот.

Објавено на

часот

Сподели

Физичките пресметки дошле како кулминација на протестите на пожарникарите, кои, според полициски извори, се обиделе да влезат во зградата на Покраинскиот совет во градот Оренсе.

За време на протестот, пожарникарите фрлале различни предмети и пиротехнички средства кон полицијата, по што полицијата одговорила со брутална сила, пишува Ел Паис.

Пожарникарите протестираа поради продолженото работно време, недоволната екипираност и недостигот од соодветна опрема и обука. Овие услови, тврдат тие, не само што ги загрозуваат нивните животи, туку и ја попречуваат „нивната способност да ја заштитат заедницата на која ѝ служат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ