Зголемувањето на бројот на загинатите беше објавено откако спасувачите открија уште три тела во изминатите два дена на патека во Националниот парк Тароко, објави Кјодо.
Хеликоптерите ги превезуваат луѓето на безбедно додека продолжуваат последователните потреси. Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер го погоди во средата планинскиот источен брег на Тајван во ретко населениот округ Хуалиен.
Кинескиот регион Тајван се наоѓа во близина на спојот на две тектонски плочи и е подложен на чести земјотреси.
Повеќе од 100 лица загинаа во земјотрес во јужен Тајван во 2016 година, во земјотрес со јачина од 7,3 степени во 1999 година загинаа повеќе од 2.000 лица.