четврток, 13 февруари 2025

Бриж со гол од пенал во 94. минута ја победи Аталанта (ВИДЕО)

Клуб Бриж ја доби првата пресметка против Аталанта за влез во осминафиналето од Лигата на шампионите и тоа со погодок пред самиот крај.

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот беше отворен уште во 15. минута со убав гол на Џугла, Клуб Бриж поведе со 1-0.

На четири минути до крајот на првото полувреме Пашалиќ реализираше за израмнување на 1-1.

Се чинеше дека мечот така и ќе заврши, но во судиското продолжение беше досуден пенал за домашниот тим. Лесен пенал кој потикна голем револт во таборот на Аталанта.

Ударот од белата точка го реализираше Нилсон за победа на Бриж од 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ