понеделник, 21 октомври 2024

Британскиот крал Чарлс му се извини на народот на Кенија за колонијалните злосторства

Обраќањето на британскиот крал Чарлс Трети во кое изразува „најголема тага и длабоко каење“ поради колонијалните злосторства кои британските сили ги извршиле во Кенија, е критикуван како утка во источноафриканската земја.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Кенија Вилијам Руто дипломатски ги поздрави „храброста и спремноста на кралот Чарлс да ги расветли историските вистини кои постојат во потемните делови од нашето заедничко искуство“, но истовремено ја нарече британската колонијална репресија на движењето за слобода на Кенија „монструозна во својата суровост“.

„Уште многу треба да се направи за да се оствари целосна репарација“, истакна Руто, кој го задржа помирливиот тон истакнувајќи ја потребата за „учење од историјата за да ги унапредиме односите меѓу двете нации.

Групите за човекови права и историчарите изразија незадоволство од „внимателниот избор на зборови“ на кралот.

„Ова беше утка“, кажа Ернест Корнел од Кениската комисија за човекови права (КХРЦ). Оваа организација за човекови права побара од кралот Чарлс да се обрати за долготрајните наследства на колонијализмот, вклучувајќи го грабањето земја.

Според експертите на ОН, околу 500.000 Кенијци од заедниците Кипсигис и Талаи насилно биле протерани од своите родни земјишта под колонијалната власт. Големи делови од нивната земја, дадени на британските доселеници, биле претворени во огромни британски плантажи на чај. Денес генерациите на овие заедници кои останале без имотите и понатаму живеат во сиромаштија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ