Според Фајненшал тајмс, Џон Бенџамин бил на официјално патување во Дуранго и Синалоа, две мексикански држави со многу силни организирани криминални групи, кога нишанел во својот колега, на кого, како што се гледа на снимката, му било многу непријатно.
Се претпоставува дека оружјето му припаѓало на еден од членовите на обезбедувањето кое го следело дипломатот. Бенџамин бил отпуштен во април по инцидентот.
„Во контекст на секојдневните убиства кои ги спроведуваат нарко дилерите во Мексико, тој се осмелил да се шегува“, пишува на анонимниот профил на Икс на кој е објавена снимката.
Во последните шест години во Мексико се забележани над 30 илјади убиства годишно, додека организираните криминални групи се борат за контрола над територии и бизниси низ земјата.
Бенџамин, кој станал британски амбасадор во Мексико во 2021, претходно бил на слични позиции во Чиле, Турција, Гана, Индонезија и Соединетите Американски Држави во кариерата долга речиси четири децении. Тој повеќе не е на списокот на амбасадори на официјалната страница на британската влада.
Дипломатските односи на Британија е Мексико се главно добри, а двете држави во моментов преговараат за нов договор за слободна трговија.
Esta acción le costó el trabajo al embajador de Reino Unido en México, Jon Benjamín.
El diplomático fue despedido por apuntar con un rifle a una empleada dentro de un vehículo durante una gira de trabajo por Durango y Sinaloa. pic.twitter.com/I6teO0E5cH— Joaquín López-Dóriga (@lopezdoriga) May 31, 2024