понеделник, 21 октомври 2024

Британската влада потроши 162 милиони фунти за погребот на кралицата Елизабета

Објавено на

часот

Сподели

Околу 250.000 луѓе го посетија ковчегот, кој беше изложен во Вестминстерската сала, за да ѝ оддадат почит на најдолговечната кралица. „Приоритет на владата беше настаните поврзани со погребот да се одвиваат глатко и непречено и со примерна доза достоинство, а во исто време безбедноста на граѓаните да биде загарантирана во секое време“, напиша министерот за финансии Џон Глен во писмото до парламентот.

ри

Најголем дел од парите, 73,7 милиони фунти, доби министерството за внатрешни работи, надлежно за одржување на редот и националната безбедност. Градската полиција на Лондон распореди најголем број полицајци досега на улиците, велејќи дека тоа е нивната најголема безбедносна операција во историјата.

На погребот се собраа бројни светски лидери и монарси. Полициското обезбедување беше посилно отколку на Олимписките игри во 2012 година и на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ