вторник, 22 октомври 2024

Британската влада ја отстранува опремата за надзор од кинеско производство

Објавено на

часот

Сподели

„Ние, исто така, ќе се обврземе да објавиме временска рамка за отстранување на опремата за надзор произведена од компании кои подлежат на кинсекиот национален закон за разузнавачка служба од чувствителни локации на централната влада“, се вели во соопштението на владата, но не се прецизира за кои компании станува збор.

Според Ројтерс, британските пратеници претходно повикаа на забрана за продажба и употреба на безбедносни камери произведени од Хиквисион и Дахуа, две кинески фирми делумно во државна сопственост, поради страв од закани за приватноста и загриженост дека производите на компаниите се поврзани со кршење на човековите права во Кина.

Се додава дека владата на премиерот Риши Сунак, кој ја прогласи Кина за најголем светски предизвик за безбедноста и просперитетот, минатата година им нареди на своите функционери да престанат да поставуваат надзорни камери поврзани со Кина на важни државни објекти.

Пекинг соопшти дека „цврсто се противи“ на преувеличувањето на концептот на национална безбедност со цел да се потисне бизнисот на кинеските компании.

Британија го забрани Тикток од владините телефони во март оваа година, додека во 2020 година објави дека ќе ѝ ја забрани на Хуавеј својата 5Г мрежа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ