сабота, 27 јули 2024

Бриџстоун со нова технологија за украсување гуми

Објавено на

часот

Сподели

Додека некогаш во мода беа гуми со бели страни, новиот тренд ќе биде високата индивидуалност на пневматиците, на кои ќе може да се инсталираат најразлични теми. Компанијата Бриџстоун разви нова техника на „печатење“ на страните на пневматиците. Новите „печатени“ гуми треба да се појават наскоро…

Јапонскиот произведувач на гуми истакнува дека новото решение е единствено по тоа што не ја зголемува масата на пневматиците. Досега на пневматиците гледавме бели ленти, но ова решение го зголемуваше обемот на самата гума. Наместо бела лента, Бриџстоун ќе нанесува неколку различни слоја. Основна боја, па „шарениот“ дел, и на крај слој што ќе штити од надворешни оштетувања.

Така наскоро на гумите ќе можеме да си „печатиме“ фотографии или што било друго. Дури и ако клиентот се премисли, темата ќе може да се смени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ