среда, 23 октомври 2024

Брегалница со фудбалер помалку дојде до реми против Шкендија

Објавено на

часот

Сподели

Возбудлив натпревар во Штип, четири голови, еден црвен картон и неколку шанси и пред двата гола. 

Шкендија поведе со гол на Дашмир Елези во 25. минута од мечот, со тој резултат се замина на одморот. Возбудувањата се зголемија во вториот дел од мечот.

По осум минути игра во второто полувреме Виктор Велкоски по нафрлување на Вебстер го изедначи резултатот на 1-1. Брегалница продолжи да напаѓа барајќи комплетен пресврт.

Домаќините не ги искористија неколкуте шанси кои ги имаа, казната дојде во 68. минута кога Аганспахиќ постигна гол за ново водство на Шкендија.

Следуваше исклучување за Лука Робакидѕе кој доби втор жолт картон, Брегалница остана со фудбалер помалку.

Но и покрај тоа штипјани не се откажаа, во 86. минута Ѓорѓи Ѓорѓиев постигна гол за конечни 2-2.

Останатите пет натпревари се играат утре со почеток од 13 часот.

Работнички – Гостивар

Шкупи – Македонија ЃП

Силекс – Вардар

Струга – Воска

Тиквеш – Брера
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ