сабота, 13 јули 2024

Божиновска – Баумгартнер: Отворена врата за француски инвестиции во енергетиката

Искуствата на Франција, како една од водечките држави во Европската Унија, во делот на енергетиката, декарбонизацијата и зелената транзиција може да бидат мошне значајни за Македонија, беше заклучокот од денешната средба на Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини со Сирил Баумгартнер, амбасадорот на Франција во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Договорена е поинтензивна соработка и размена на мислења и искуства со француските експерти во делот на енергетиката.
Министерката Божиновска ја истакна отвореноста за француски инвестиции во секторот енергетика, имајќи го предвид присуството на француски компании во Западен Балкан.
За време на средбата, покрај останатото, беа покренати прашања од аспект на билеталарните економски односи меѓу двете држави и притоа, заеднички беше констатирана подготвеноста да се пристапи кон посуштински разговори со цел конкретизирање на идната соработка во периодот што претстои, соопшти Министерството за енергетика.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ