вторник, 22 октомври 2024

Божиновска бара извинување од Кузеска за обвинувањата дека е замешана во криминал во енергетскиот сектор

Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска побара извинување од портпаролката на СДСМ, Богаднка Кузеска за, како што вели на својот официјален фејсбук профил, изнесените клевети во јавноста.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Богданка Кузеска пак излезе со неточни информации во јавноста. Прво не знаеше точно кои се кадрите во управните одбори, сега излегува во јавност и зборува за наводна пресуда за мене што во реалност не постои. Ако има таква пресуда нека ја објави јавно. Но бидејќи такво нешто нема, очекувам извинување за нанесените клевети во форма и на начин како што ги објави неточните информации на прес конференцијата“, напиша Божиновска на својот фејсбук профил.

Претходно, СДСМ ја обвини Божиновска дека нејзини фирми или фирми блиски до неа на МЕПСО му должат 1 милион евра и дека фирми од кои била дел и Божиновска формирале картел со намера да ја диктираат цената на увозот на струја на тендерот на ЕЛЕМ спроведен во 2012 година.

„Во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ, Комисијата за заштита на конкуренцијата повела постапка за забранет договор – картел при јавни набавки и донела решение за казни. Фирми кои дел се поврзуваат и со Божиновска, формирале енергетски картел. Со намера да ја диктираат цената на увозот на струја на тендерот на ЕЛЕМ спроведен во 2012 година и да профитираат. И тоа не се случило еднаш, 11 пати биле прекршувањата. За дел од овие фирми кои склучиле картел и Царинската управа открила затајување данок во износ од 1,8 милиони евра. Ова е вмровска шема во енергетиката како во мафијашки филм. Со картели. Само наместо фавели има бел дворец“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ