Денеска стигна потврда дека во болницата „Карегу“ во Фиренца, на Бове му бил вграден дефибрилатор.
Познато е дека Италија не дозволува спортисти да настапуваат со дефибрилатор, па Бове ќе мора кариерата да ја продолжи на друго место.
Ист ваков случај имаше Кристијан Ериксен кој тогаш беше фудбалер на Интер, по што мораше да замине од Италија и кариерата ја продолжи во Премиерлигата.
Кога е Бове во прашање него ќе му биде направена операција во следните неколку дена, а докторите се сомневаат дека се работи за Миокардитис, воспаление на срцето.