Поради тоа беше најавено дека ќе мора да му вградат дефибрилатор, што би го спречило да заигра повторно во калчото.
Младиот Бове се обрати преку социјалните мрежи и изрази огромна благодарност за целосната поддршка. Италија се обедини зад него, а пораки пристигнуваа и од целиот свет.
„Во вакви моменти сфаќам колку овој спорт е вистински, а како ние освен резултатите и ривалството сме поврзани. Ние имаме поврзаност која во тешки моменти како мојот станува речиси нераскинлива. Поддршката која ја добив, топлината од навивачите, поддршката од соиграчите и противниците во целиот фудбалски свет ми дадоа неверојатна сила и храброст. Опкружен сум со позитивна енергија, а тоа ми помага да останам смирен и да не чувствувам осаменост која често доаѓа во вакви ситуации“, смета Бове.