среда, 23 октомври 2024

Бошковски кој е на црната листа на САД не е советник туку соработник во Владата, вели Ковачевски

Објавено на

часот

Сподели

Ковачевски потенцираше дека Бошковски има активности во делот на промоција на државата во Хрватска, со оглед на тоа дека Хрватска е еден од инвеститорите во Македонија. 

Според премиерот, моралните и етичките аспекти на ставањето на црна листа на кој било поединец се прашања за тој поединец, а нашите правосудни институции треба да ги испитаат сите наоди и да донесат соодветни одлуки.

„САД е најголемиот стратешки партнер на државата. Кај градоначалникот на Струга се работи за основи кои се сериозни, и непримерно е институциите на држава која се наоѓа на 8 илјади километри од тука да имаат основ за истражување, а нашите да немаат. Да упатам порака до опозицијата да кажат каде го кријат предметот за нивната дивоградба која е конфискувана како нелегално стекнат имот, а тоа е дирекцијата во која се наоѓа партијата ВМРО-ДПМНЕ“, рече Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање, по посетата на компанијата за производство на фина картонска амбалажа „Еврос Комерц“ во Старо Нагоричане.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ