понеделник, 21 октомври 2024

Борел: Треба да може да се критикува Израел без да бидете обвинети за антисемитизам

Објавено на

часот

Сподели

Тој го осуди нападот на Хамас на 7 октомври, нарекувајќи го најголемиот масакр врз Евреите од Втората светска војна, но потоа и она што Обединетите нации го прогласија за „хуманитарна катастрофа“ во Појасот Газа. „Резултатот од блокадата, спречувањето да пристигнат клучни залихи е исто така еден вид масакр“, рече шпанскиот социјалист.

„Треба да се признае правото на Израел да се брани, но во исто време и да се биде огорчен поради тоа што им се случува на палестинските цивили“, рече Борел и нагласи дека политиката на Израел треба да може да се критикува „без обвинување дека се мразат Евреите“.

Шефот за надворешна политика на ЕУ рече дека тој бил меѓу првите што се спротивставил на прекинот во снабдувањето со вода и електрична енергија во Појасот Газа, што е кршење на меѓународното право, и му порача на Израел дека на енклавата треба да ѝ се овозможи пристап до лекови, вклучително и анестетици.

Тој нагласи дека ЕУ е крајно загрижена и за нападите на израелските доселеници врз цивилното палестинско население на окупираниот Западен Брег. Борел рече дека овој конфликт не може да се реши по воен пат и дека Хамас не може да остане на власт во Газа, но и дека не може да биде под контрола на Израел.

Комесарот за управување со кризи на Европската комисија Јанез Ленарчич предупреди дека најмалку 12 илјади луѓе загинале во Појасот Газа, меѓу кои голем број жени и деца, дека 1,7 милиони луѓе се бегалци и дека недостасуваат основните потреби како храна, лекови и вода.

Хуманитарната помош во храна задоволува само 10 отсто од потребите, работат само 9 од 35 болници во енклавата, дневно влегуваат само 50 камиони со залихи, а минатата недела неколку дена не влезе ниту еден, додаде Ленарчич, предупредувајќи дека мора да биде запрено насилството на израелските екстремни доселеници на Западниот Брег.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ