Болоња имаше одличен почеток на мечот, во 14. Ел Азузи постигна неверојатен гол за водство од 1-0.
Пред самиот крај на првото полувреме Зиркзе го зголеми водството на гостите на 2-0.
По десет минути игра во вториот дел Рома успеа да се врати во мечот со погодок на Азмин, но во 65. минута Салемакерс со одличен лоб ги постави конечните 3-1 за Болоња.
Болоња сега има 62 бода на четвртото место, седум повеќе од Рома која е петта и осум повеќе од шесттата Аталанта. (Рома и Аталанта имаат меч помалку) Во Серија А оваа сезона и петтата позиција води во Лигата на шампионите.
🚨🇮🇹 GOAL | AS Roma 0-1 Bologna | El Azzouzi
WHAT A GOAL! 😳😳pic.twitter.com/hy7oIADijG
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) April 22, 2024