вторник, 22 октомври 2024

Боливија ги прекина дипломатските односи со Израел поради „злосторства против човештвото“

Боливиската влада објави дека ги прекинува дипломатските односи со Израел, обвинувајќи ја земјата за извршени злосторства против човештвото во нападите врз Појасот Газа.

Објавено на

часот

Сподели

„Владата донесе одлука да ги прекине дипломатските односи со државата Израел, како знак на отфрлање и осуда на израелската агресивна и непропорционална воена офанзива во Појасот Газа“, изјави заменик-министерот за надворешни работи Фреди Мамани на прес-конференција.

Боливија веќе ги прекина дипломатските односи со Израел во 2009 година во знак на протест поради неговите напади врз Појасот Газа. Во 2020 година, владата на претседателката Жанин Анез повторно ги воспостави врските.

Мамани додаде дека Боливија повикува на прекин на огнот и крај на „блокадата што го спречува влезот на храна, вода и други основни елементи за живот“.

Министерката за надворешни работи Марија Нела Прада рече дека прес-конференцијата е свикана „во врска со злосторствата против човештвото што се спроведуваат во Појасот Газа против палестинскиот народ“.

Боливија е меѓу првите земји кои активно ги прекинаа дипломатските односи со Израел поради војната во Газа, која Израел ја започна по крвавиот напад на Хамас на 7 октомври, во кој беа убиени 1.400 лица, а 240 беа киднапирани.

Здравствените власти во Газа соопштија дека во израелскиот контранапад досега загинале 8.525 луѓе, меѓу кои 3.542 деца. Израел го обвинува Хамас дека користи цивилни објекти за да ги крие борците, командантите и оружјето, што Хамас го негира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ