„Во периодот од 20 ноември 2023 година до 25 септември 2024 година, пријавената измамила 10 луѓе од Штип и Пробиштип со лажно прикажување на факти преку огласи на социјални мрежи дека поседувала станови за изнајмување во Штип, Скопје, Охрид и Грција и на тој начин ги навела оштетените однапред да уплатат одреден износ на трансакциска сметка или однапред да ѝ дадат пари на рака“, соопшти МВР.